-->
-->
Во Македонија нема ниту една од спорните серии на „Јувитана“
-->

На македонскиот пазар нема ниту еден од спорните „Јувитана“ производи за деца што ги повлече Србија поради сомнеж за зголемено присуство на пестициди, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).
- По добиената информација дека од српскиот пазар се повлекуваат дел од палетата производи наменети за деца од брендот Јувитана, произведени од компанијата Свислајон - Таково, инспекторите за храна направија вонредна контрола во компанијата која ги увезува овие производи на македонскиот пазар. Притоа е констатирано дека ниту една од спорните серии не се наоѓаат на македонскиот пазар, наведува АХВ.
Агенцијата, како што дополнува, ќе продолжи будно да ја следи состојбата и навремено и соодветно ќе ги преземе потребните мерки.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Младите во Радовиш ослободени од комуналии
-

Ќура - работиме на предлог закон за плажи
-

Вечерва заседава Советот за безбедност на државата
-

Тема на денот со Ивон Величковски, Движење Нова Република
-

Војна на Блискиот Исток – одекнуваат експлозии ширум регионот, расте бројот на загинати и повредени
-

Колку македонски граѓани побарале да бидат евакуирани од кризните региони?
-

Разговор со Ангела Николовска, Македонка која живее во Доха, Катар
-

Опозицијата со поддршка за САД во нападите против Иран
