Во Македонија формиран комитет за промовирање мир во светот
Во Македонија е формиран Мировен комитет за имплементација на Меѓународната декларација за мир и прекин на војните.
Декларацијата е усвоена во март годинава во Сеул по иницијатива на невладината мировна организација од Јужна Кореја „Heavenly culture, world peace, restoration of light“ (HWPL) и досега има добиено преку 18.000 потписи во светски рамки.
Комитетот, пак, втор од овој тип во регионот, беше промовиран на настан во Скопје што го организира HWPL во соработка со Националниот совет за родова еднаквост. Со ова практично, HWPL ги интензивира активностите во Македонија.
Како што беше речено на настанот, Декларацијата е важен чекор во подигањето на свеста за мир во светот. Следната фаза од нејзината имплементација ќе биде добивање поддршка од претседатели на што поголем број држави во светот, а потоа и презентирање во Обединетите нации.
- Светскиот мир може да се постигне само ако сите се еднакви и имаат фер и еднаков третман, порачаа учесниците.
HWPL преку разни активности делува во цел свет, а од неодамна се фокусира на Балканот, вклучувајќи ја и земјава. Се залага за мир во глобални рамки преку формирање мировни комитети. Досега се промовирани вкупно 20 од кој еден во Албанија.
Ново на Сител
-
ИДФ: Во нападот врз Џенин елиминиран „влијателен екстремист“
-
Баку: Франција да престане со неоснованите тврдења против Азербејџан
-
123 санкционирани возачи во Скопје
-
САД: Можни се терористички напади врз претставници на ЛГБТ заедницата ширум светот
-
Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев
-
Сончево и топло, попладне локално дожд и грмежи
-
Состојба на патишта
-
Дачиќ: Човечки фактор е причина за сударот на возовите, најважно е дека нема загинати