Во Лондон едно од 20 лица е заразено со коронавирус
Во некои делови на Лондон, едно од 20 лица е заразено со коронавирусот, изјави денеска регионалниот директор на Јавно здравје, Кевин Фентон.
– Во текот на изминатата недела, бројот на луѓе во болниците во Лондон е зголемен за 27 проценти, а во интензивна нега за 47 проценти, изјави професорот Фентон
Како што пренесува Би-Би-Си, тој вели дека ова е голем предизвик за пандемијата и побара од населението „навистина да ги намали интеракциите, да остане дома и да го намали бројот на инфекциие“.
– Не само што сериозно го оптоварувате здравствениот систем, туку спречувате и други пациенти, на кои можеби им треба итно или важно лекување во тоа време, да пристапат до тие услуги, рече Фентон.
Тој нагласи дека има „работи што можеме подобро да ги направиме“ за да го намалиме бројот на инфекции, вклучително и поголемо придржување кон мерките за носење маски и физичко растојание при користење јавен превоз и купување основни производи.
Ново на Сител
-
Поништена акредитацијата за Универзитетот на Мерко
-
Костадиновски се сретна со Силвестри
-
Од полноќ поскапуваат горивата
-
Најтопло во четврток, петок и сабота со температури до 39 степени
-
Струмичанец со тројца малолетници нападнале брачен пар во нивниот дом, го повредиле сопругот со остар предмет
-
Миле Јанакиески излегува од затвор
-
Петок пред Духовден, 21 јуни, неработен ден за граѓаните од православна вероисповед
-
Претрес во Битола, пронајдена дрога, приведено едно лице