Во летниот период иселениците од Кичевско прават и до 500 веселби
Печалбарите во Кичевско кои доаѓаат во својот роден крај во летниот период придонесуваат за зголемување на прометот во угостителските објекти. Се проценува дека во периодот додека престојуваат се прават и до 500 свадби и други семејни веселби.
Двојно зголемување на прометот се забележува и на пазарите. Пазарџиите велат ако е како во летниот период преку целата година ќе биде одлично, ќе ни требаат и повеќе работници.
Кичевската дијаспора има значаен удел во кичевската економија во текот на целата година, бидеќи во континуитет праќаат пари на нивни роднини во татковината.
Се претпоставува дека само во летниот период по разни основи во Кичево се вртат пет до шест милиони евра.
Локалната власт во овој период ги презема сите мерки за услужните дејности што се во нивна надлежност да функционираат беспрекорно, а полицијата се грижи за безбедноста во сообраќајот, а првпат нема големи забелешки и за работењето на шалтерите во одделот за лични документи,
Најголеми забелешки печалбарите и оваа година имаат на услугата на граничните премини, односно на долгата процедура на македонско-српската граница.
Ново на Сител
-
ОЈО поведе истрага за пожарот во Трубарево
-
Муцунски во посета на САД, средба со конгресмени и сенатори
-
Протест со повик „Ниту една повеќе“
-
Тема на денот со Сузана Јошевска Анастасовска, адвокатка
-
Две години затвор за Лидија Димова, треба да врати над 350.000 евра на Националната агенција за европски образовни програми
-
Трубарево и Дрисла под контрола - учениците во четирите училиште в понеделник се враќаат на настава
-
Политички реакции за фемицидот во Велес
-
Стартуваа обуките за јавната администрација - премиерот најави департизација на јавниот сектор