Во Лесново летен камп за децата волонтери на Црвениот крст
Општинската организација на Црвениот крст во соработка со Општина Пробиштип и Советот на млади на Општина Пробиштип за првпат организираат летен камп за децата волонтери во селото Лесново, каде што се наоѓа познатиот и преубавиот Лесновски манастир.
Раководителот на Одделението за Локален економски развој (ЛЕР) во Општина Пробиштип, Ирена Бошковска денеска информираше дека во рамките на летниот камп кој ќе се одржи од 16 до 18 јуни ќе учествуваат 40 деца волонтери на Општинските организации на Црвениот крст од општините Велес, Неготино, Пробиштип, Кочани, Свети Николе и Радовиш.
- Овој тродневен камп е со тематика лидерство, ќе биде од регионален карактер, на овој камп е планирано да дојдат деца од шест општини. Јас ќе бидам еден од предавачите, односно ќе ги запознаам децата со убавините на Лесново, со планинарството, со она што можат да го посетат таму. Овој камп за првпат го организираме, вели Бошковска.
Таа истакна дека покрај летниот камп за децата волонтери на општинските организации на Црвениот крст од шест општините во текот на месецов во Лесново ќе се одржи и познатата меѓународна ликовна колонија „Лесново“.
Ново на Сител
-
За 6 часа 429 казни за возачи на мотори, 267 не носеле кацига, 83 возеле без возачка
-
Кривична за бизнисменка од Кавадарци, затаила данок од над 800.000 евра
-
Приведен 45-годишен маж од Радовиш, предизвикал пожар
-
Излетале од патот по што се запалил автомобилот, во тешка сообраќајка загина Диого Жота и неговиот помлад брат
-
Израелската армија употребила бомба од 230 килограми во нападот врз кафуле во Газа
-
Одбиено обвинението против кумановскиот градоначалник, обвинителството се откажа од обвинението
-
Диди виновен за спроведување проституција, ослободен од најсериозните обвиненија
-
Во период од шест часа 169 сообраќајни прекршоци на подрачје на СВР Тетово и СВР Куманово