Во Лариса регистриран 41 случај на вирусот Коксаки, не се поврзуваат со неодамнешните поплави

Во грчкиот град Лариса во изминатите 20 дена бил потвреден 41 случај на вирусот Коксаки, соопштија од Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ), но потенцираа дека не постои поврзаност со неодамнешните поплави во конкретниот регион, јави дописничката на МИА од Атина.
Според ЕОДИ, во периодот од 23 октомври заклучно со вчера од потврдените случаи кај 41 дете со клиничка слика на Коксаки, 35 се на возраст под шест години, поголемиот дел од децата имале блага клиничка слика, а шест биле хоспитализирани на неколку дена.
Паралелно не бил забележан тренд на зголемување на случаите.
-Слични случаи не се забележани во подрачните единици Магнисија, Трикала и Кардица. Епидемиолошката слика поврзана со откривање на случаи само во подрачната единица Лариса и тоа што не се откриени случаи во останатите подрачни единици од областа Тесалија, кои беа погодени од поплавата по невремето „Даниел“ е индикативно дека циркулацијата на вирусот Коксаки не е поврзана со поплавите, соопштија од Националната организација за јавно здравје на Грција и додадоа дека со оглед на тоа дека не постои механизам за редовно следење на болеста „не може да се процени дали случаите во тековниот период бележат пораст во однос на претходните периоди“.
Од ЕОДИ посочуваат дека инфекцијата со вирусот Коксаки е вирусно заболување кај децата, вообичаено со симптоми како треска, осип, симптоми на горниот респираторени итн.
Ново на Сител
-

Во вторник терестричната дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на Скопје
-

Санкционирани 72 возачи на лесни електрични возила низ државата
-

За една недела 1.576 прекршоци за брзо возење
-

Водата од водоводниот систем во Гостивар е безбедна за пиење
-

Јаневска: Квотите за упис се намалени на сите универзитети, завршува дистрибуцијата на учебниците во училиштата
-

Кривични за родители од Желино за запуштање на нивното дете
-

18-годишна девојка лажно пријавила дека со нож повредила непознато лице
-

37-годишен скопјанец приведен за измама од над 7.000 евра
