-->
-->
Во Кумановско 339 лица со решенија за изолација, а 846 направиле прекршок со неносење маска
-->
На подрачјето на полициската станица од општа надлежност Куманово ( Куманово, Липково и Старо Нагоричане) во моментов има 339 лица со решение за изолација, соопштија, денеска надлежните од кумановската полиција.
Од почетокот на септември до денеска според информациите СВР Куманово бележи вкупно 846 прекршоци за неносење заштитна опрема, од кои повеќе од половината се издадени последнава недела.
-Во однос на уредбата за задолжително носење заштитна опрема на подрачје на полициската станица од општа надлежност Куманово во период од 1 до 21, септември годинава регистрирани се вкупно 846 прекршоци, се наведува во соопштението на СВР Куманово.
Според податоците на кумановската полиција во периодот од 1 до 8 септември регистрирани се 65 прекршоци, наредната недела, од 8 до 15 септември 325 прекршоци, додека во периодот од 15 до 21 септември регистрирани се 456 прекршоци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради Денот на полицијата
-
Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција
-
Галески: Сигурно е само дека Македонија ќе биде повторно твоја
-
Скопјанец и двајца штипјани нападнати во угостителски објект во Кавадарци
-
Приведено лице од Долни Дисан поради бегство од затворот во Куманово
-
Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата
-
Тони Надал: Рафа живеe нормално, а Ѓоковиќ е најдобар во историјата затоа што не живее нормален живот
-
Приведени двајца дилери од Прилеп, пронајдена дрога и пушка