Во кумановската касарна „Боро Менков“ одбележан 18-ти Август

Во кумановската касарна „Боро Менков“, денеска со воена свеченост на припадниците на единиците од гарнизон Куманово беше одбележан 18-ти Август – Денот на армијата.
-Пред нас и понатаму стојат големи предизвици, мисии и задачи. Секако, најголем предизивик ќе претставува целосното заокружување на нашето членството во НАТО- Алијансата и успешното реализирање на процесот на пристапување и интеграции. Периодот што следи ќе означува понатамошен развој и модернизација на Армијата со нова опрема и подобрување на инфраструктурата во која живееме и работиме, рече Арсовски.
На свеченоста зборуваше и командантот на првиот механизиран пешадиски баталјон, воедно и командант на гарнизонот Куманово, потполковник Стојанче Костов, кој се осврна на историските моменти од формирањето на Армијата.
-Да се биде припадник на Армијата претставува огромна чест задоволство, но и обврска. Императивите, обврските и одговорностите кои произлегуваат од војничката професија поеднакво ги делат сите нејзини припадници. Изминатите 27 години се успешна потврда дека со љубов кон татковината, лојалност, одговорност и посветеност кон реформите, цврсто уверени во нашите можности и во нашиот стручно респектабилен човечки потенцијал, изградивме Армија достојна за почит и целосно подготвена за полноправно членство во НАТО, рече Костов.
На свеченоста беа наградени, пофалени и унапредени припадници на Армијата.
Ново на Сител
-

„За влакно избегнавме трагедија“ - улични кучиња нападнале мајка и дете во Скопје
-

Тема на денот со Виктор Митевски, извршен директор на ЗМАИ
-

ДИК со првични официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа
-

Политички реакции по првиот круг во Брвеница
-

МНР: Навредливи и провокативни се изјавите на Демерџиев и Радуков за Ива Михаилова
-

Правосуден испит на албански или нови протести
-

Отказ за административците ако 2 години се негативно оценети
-

Нови цени на горивата
