Во Куманово 98 претставки до канцеларијата на заменикот народен правобранител

Во јуни граѓаните поднеле 22 претставки, од кои 12 се однесувале на правосудството, информираше заменикот народен правобранител Насер Весељи.
- Тоа не значи дека судовите не работат, бидејќи од 12-те предмети од оваа област седум се однесуваат на извршителите. Се уште има проблем со извршувањето на долговите на граѓаните кои користат социјална помош. Мора да се каже дека успеваме во однос на решавање на овие права, но граѓаните губат време и плаќаат одредени надоместоци за деблокирање на сметките, рече Весељи.
Три претставки биле за затворот, две за работата на полицијата и за затворот, по една од областите работни односи, здравство, урбанизам, царина и финансии. Тренд на опаѓање има кај претставки за затворот. Дванаесет од претставките се однесувале за јавните установи и услуги, девет за централната власт и една за локалната самоуправа.
Од овие 22 предмети, 16 биле завршени. Пет биле завршени по интеревенција на правобранителот и институциите ги прифатиле укажувањата, за седум предмети правобранителот не констатирал повреда на право.
Во првата половина од годината во канцеларијата поминале близу 500 кумановци, дел од нив се консултирале, добиле поука и помош како да надминат одредени проблеми со институциите.
Ново на Сител
-

СП 2026: За Белингем најважно е да остане позитивна атмосфера
-

Приведен 16-годишник кој со нож избодел две години помладо момче
-

МВР: Успешно евакуирани три лица од непристапен терен на Шар Планина
-

УХМР: Во Куманово и околината поројни дождови, а невремето се движи од запад кон исток
-

Ѓорѓиевски: Планинска спасителна служба на Водно и во Кањон Матка - безбедноста на граѓаните е наша обврска
-

Носкова: Ова никогаш нема да го заборавам
-

СП 2026: Аргентинците веруваат во одбрана на титулата
-

СП 2026: Норвешка сега ја има на фудбалската карта
