Во Куба прогласена деветдневна жалост

Властите на Куба денеска прогласија деветдневна жалост по повод смртта на поранешниот кубански лидер Фидел Кастро, кој почина минатата ноќ во Хавана.
Во соопштението на кубанските власти се наведува дека посмртните останки на Кастро ќе бидат погребани на 4 декември во градот Сантијаго де Куба.
- Од 26 ноември до 4 декември се откажуваат сите јавни активности и свечености, а националното знаме ќе биде поставено на половина кошје пред државните згради и воените објекти, се додава во соопштението.
Веста за смртта на 90-годишниот Фидел Кастро рано изутринава ја соопшти неговиот брат и актуелен претседател на Куба, Раул Кастро.
- Главниот командант на кубанската револуција почина вечерва во 22:29 часот (утрово во 04:29 по средноевропско време), објави Кастро во специјалното обраќање до нацијата преку националната телевизија.
Тој информираше дека телото на „ел команданте ен хефе“, согласно неговата желба, ќе биде кремирано во текот на денешниот ден.
Ново на Сител
-

Владата бара Китановиќ да го повлече ставот за Младиќ или да си поднесе оставка
-

СДСМ бара транспарентност за дата-центрите, ВМРО-ДПМНЕ уверува дека носат развој
-

„Градски воз“: За 25 минути од Зелениково до Железничка - едносмерен билет 40, повратен 70 денари
-

Успешна туристичка сезона во Дојран
-

Недостигаат хотели со поголеми капацитет
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Ѓоко Велковски, министер за социјална политика, демографија и млади
-

Пријавувањето на соби и апартмани е законска обврска, кампањата „Фер туризам започнува со пријавен доход“ презентирана во Дојран
