Во Кривичен судење за „Титаник“ на СЈО

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство. Минатото рочиште се одложи поради отсуството на членот на судечкиот совет, судијата Огнен Ставрев.
Предметот, кој го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Лиле Стефанова, се наоѓа во доказна постапка.
Досега се изведени околу 4.850 од над 5.900 предложени материјални докази од СЈО.
Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.
Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.
Ново на Сител
-

Tема на денот со Злате Мехмедовиќ, директор на Клиника за физикална медицина и рехабилитација
-

Владата го намалува ДДВ-то кај дизелот од 18 на 10%
-

Мицкоски најавува прославите како на 8 Септември да станат пракса, опозицијата бара истрага за парите од Лотарија
-

Промената на времето донесе ризик за влошување на здравјето кај повозрасните и хронично болните
-

Оризот пред најтешка реколта, оризарите бараат итни мерки
-

Почна изградбата на подземна катна гаража и плоштад во Велес
-

Во тек 2 повици на Министерството за економија вредни 7 мил. денари за подобрување на конкурентноста на компаниите
-

СВР Струмица наоѓа трајно решение за импровизираните дрвосечачки машини
