Во Кривичен денеска треба да биде објавена пресудата за убиството кај „Мавровка“
Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да ја објави пресудата за убиството позади трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје на 20 август минатата година.
Основното јавно обвинителство Скопје во декември минатата година поднесе Обвинителен акт против едно лице за убиство, убиство во обид и неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи.
Како што соопшти ОЈО Скопје, обвинетиот, на 20 август, позади трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје, од користољубие, со истрел од огнено оружје – пиштол, го лишил од живот оштетениот Васил Ефтимов, по што со пиштолот се заканил и на неговата сопруга и ја одзел од неа торбата која таа ја носела на нејзиното рамо и една гајба во различни бои покриена со шаторско крило во која имало различен рачен алат, а која оштетените ја имале во возилото.
Подоцна во текот на истиот ден, кога полициски службеници го пресретнале обвинетиот заедно со уште едно лице во автомобил на улицата „Стојна Стефкова“ во Скопје, тој излегол од совозачката врата и кон четворицата полицајци испукал 3 проектили во обид да ги лиши од живот, стои во соопштението од Обвинителството.
Ново на Сител
-
Играчите на АЕК се повлекоа, натпреварот со Алкалоид одложен
-
Париските таксисти се закануваат дека ќе го блокираат пристапот до Ролан Гарос
-
Френки де Јонг би можел да ја напушти Барселона во летниот преоден рок
-
Манчестер сити, Челзи и Њукасл изборија учество во ЛШ на крајот од сезоната во Премиер лигата
-
УХМР: Утре се очекува силен ветер од северен правец
-
Израелската војска соопшти дека ги „интензивира“ активностите во Газа
-
Полковникот Стефан Ивановски и Ана Нешковска од MO загинале во сообраќајката кај „Илинден“
-
Таравари: Вознемиреност со чувство на вина, победата во октомври е многу блиску