Во Крива Паланка се одржаа „Велигденска фолклорна средба”

Концертната сала во Националната установа Центар за култура Крива Паланка синоќа беше претесна да ги собере љубителите на фолклорната уметност и култура кои го проследија празничниот концерт наслове „Велигденска фолклорна средба”.
На концертот настапија играорки и играорци од Културно-уметничките друштва „8 Октомври” од Крива Паланка и „Ефрем Каранов” од Кратово.
– На заедничкиот концерт настапи првиот женски ансамбл на КУД „ 8 Октомври” со Мариовска тресеница, вториот ансамбл се претстави со кореографиите „Битолски игри”, „Драчевка” и „Егејски игри и ора”, а гостите од Кратово се претставија со „Жетварка” и игри и песни од Источна Македонија, информира Александар Петровски, кореограф во КУД „8 Октомври”.
На концертот директорката на Националната установа Центар за култура Крива Паланка, Мира Ѓоргиевска, им додели признанија на седуммина истакнати членови на Културно- уметничкото друштво 8 Октомври кое работи во склоп на установата, за десет години развој и афирмација на друштвото.
Ново на Сител
-

Охрид презема мерки за заштита од загадениот воздух
-

Во месецов што изминува преполни сместувачки капацитети во Крушево
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

Марш на ангелите во Кочани
-

31 конгрес на СДСМ
-

Судии и обвинители пријавени за државен јавен обвинител, огласот истекува во понеделник
-

Последни проверки за „Безбеден град“
