Во Крива Паланка наврнаа 22 литри дожд на квадратен метар, 15 во Берово и Лазарополе
Дваесет и два литри дожд на квадратен метар наврнаа во Крива Паланка, 15 во Берово и Лазарополе, 14 во Виница, 12 во Скопје и Маврово, 10 во Претор, девет во Тополчани, осум во Битола и Ѓуриште, седум во Охрид, шест во Прилеп, четири во Тетово и Демир Капија, три во Штип и Пожаране, два во Гевгелија и еден литар на квадратен метар во Струмица, информира вечерва Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Времето вечерва насекаде е облачно со врнежи од дожд, кои во Гевгелија и Битола се проследени со појава на грмежи. Поинтензивни процеси, посочуваат од УХМР, имаше во југозападниот дел од земјата, поточно над Охридско и Преспанско Езеро.
Во текот на ноќта ќе се задржи претежно облачно, на места нестабилно време со врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Во утринските часови врнежите насекаде ќе престанат. Во Скопската котлина времето ќе биде облачно со повремен дожд и ретки грмежи.
Ново на Сител
-
Напната атмосферата на третиот ден од протестите
-
Дел од демонстрантите се префрлија пред Собрание
-
Продолжи судењето за Рашковски
-
Продолжуваат опозициските протести - прв ден помина во шатори пред Владата
-
Тема на денот со Павле Трајанов, лидер на Демократскиот сојуз
-
Села даде зелено светло за францускиот предлог, поддршка и од БЕСА
-
ЛДП, ДОМ и Демократскиот сојуз не даваат поддршка - имаат сериозни резерви за предлогот
-
ВО ЖИВО: Продолжуваат опозициските протести - прв ден помина во шатори пред Владата