-->
-->
Во Крива Паланка ќе се набават нови контејнери и корпи за отпадоци
-->

Согласно годишната програма за одржување јавна чистота во Крива Паланка за 2016, јавното претпријатие „Комуналец“ ќе изврши набавка на нови контејнери со кои комплетно ќе се заменат старите во градскиот реон, а предвидена е и набавка на нови садови за отпад.
Во делот од Програмата наменет за поставување и одржување на садови за отпадоци нa јавните површини се наведува дека „Комуналец“ ќе изврши нaбавка на нови 20 контејнери со запремнина 1,1 метар просторен, со што ќе се изврши целосна замена на старите контејнери во градското подрачје. Ќе се набават 20 мали садови за отпад со зафатнина од 30 до 50 литри како дополна на постојните садови за отпад, а ќе бидат поправени и старите контејнери на кои ќе се врши замена на тркала, поклопци и фарбање. За оваа намена се издвоени 350.000 денари.
Исто така, ЈП „Комуналец“ ќе гради нов градски јавен тоалет чија локација допрва ќе се утврдува, а ќе се изврши и доуредување на јавнито тоалет на градскиот зелен пазар.
Со Програмата за одржување јавна чистота за 2016 во Крива Паланка ќе се релизира и одржување на постоечки атмосферски канализации, чистење на постоечки решетки и шахти и чистење на пропусти, метење на јавни површини, миење на истите, одржување зелени површини, паркови, скверови и дрвореди, одржување речни регулациони корита и чистење наноси од јавни површини, улици и локални патишта.
Реализација на Програмата и контрола врз извршувањето ќе врши Одделението за инспекција во општина Крива Паланка преку комуналната инспекција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Стручна комисија за смртта на новороденчето на ГАК е формирана, министерот замолува да се причекаат сите извештаи
-

Трамп не исклучува војна со Венецуела
-

Кривична пријава за 33 физички и две правни лица за корупција и економски криминал, 11 лица се лишени од слобода, по двајца се трага
-

СДСМ: Власта донесе неуставна резолуција
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ молчеле за Лотарија за да останат на власт
-

Андоновски: Дигиталната трансформација е општествена реформа, не само технички проект
-

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки и мир
-

Ученик се самоуби доцна синоќа во Скопје
