Во Крива Паланка и Ранковце 110 барања за бесплатен викенд и бања

Пензионерите од Крива Паланка и Ранковце пројавиле голем интерес за аплицирање за користење на услугите од проектите за бесплатен викенд и бањско -климатска рекреација. Од 23 минатиот месец досега во филијалата на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во Крива Паланка се поднесени 110 барања.
- Заклучно со вчера до нашите служби поднесени се вкупно 110 барања за користење бесплатна бања и викенд. Дневно се поднесуваат 10-15 барања, во кои заинтересираните пензионери потполнуваат која од услугите сакаат да ја користат, или викенд или бесплатна бањско-климатска рекреација, изјави Биљана Ивановска, раководител на филијала на ПИОМ, Крива Паланка.
Лани биле поднесени 151 барање, а одобрени 61.
- Поднесувањето барања за услуги од двата проекта е заклучно со 20-ти февруари, до крајот на овој месец пензионерите со одобрени барања ќе добијат известување на домашна адреса, а од март ќе бидат распоредени за користење на услугите, тековно во повеќе смени- периоди, додаде Ивановска.
Проектот за бесплатна бањско климатска рекреација за пензионери почна во 2010 година и досега услугите од истиот, бесплатна во Катлановска бања ги искористиле 502 лица од Крива Паланка и Ранковце, додека проектот бесплатен викенд се реализира трета година и досега 68 пензионери од двете општини ја искористиле оваа услуга.
Ново на Сител
-

Кос го подготвува нонпејперот за полесно проширување на ЕУ, во Македонија и регионот нема многу оптимизам дека ќе помогне
-

Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-

Обвинение за 23 полицајци
-

Судијата Садула Изаири е новиот член Судскиот совет
-

Предлог Законот за минимална плата од 600 евра стигна во Собранието
-

ЕК не гарантира кога ќе се надмине проблемот на камионџиите, Мицкоски очекува решение во февруари
-

Јавниот долг падна под 60% од БДП
-

Совет на Европа го затвори постмониторинг дијалогот со Македонија
