Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 39 пациенти, а вкупно се лекуваaт 323

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 39 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 323 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 22 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 11 нови приеми на пациенти и 3 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 3 пациенти. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 19 оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 28 пациенти, на Клиниката за неврологија 35 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 54 пациенти со симтоми на корона вирусот.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 83 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 96 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 22 пациенти. На ГАК има 5 хоспитализирани ковид позитивни пациентки.
Вкупно 323 пациенти потврдени и сомнителени за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 30 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.
Ново на Сител
-

По шест децении интерното одделение на струмичката болница целосно реновирано
-

Преглед на вестите од светот
-

ССМ со првомајски протест
-

Работничките права се уште комплетно не се почитуваат, особено кај трудниците и тоа работниците да ги имаат договорите за работа
-

Преглед на вестите од светот
-

ЗНАМ не се изненадени од одлуката на Цеков да ги напушти
-

Тема на денот со Ѓорѓи Тоновски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
