-->
-->
Во Косово приведени уште тројца полицајци
-->
Полицискиот инпекторат на Косово (ПИК) и истражители од истражното одделение, во соработка со косовската полиција уапсија тројца полицајци во Северна Митровица, кои се товарат за „организиран криминал“ и „злоупотреба на службената положба“.
Апсењето претставува продолжение на операцијата изведена во мај годинава, наречена „Криумчарење“. Со денешните три апсења, вкупниот број на приведени полицијаци во „Криумчарење“ се искачи на 25.
Во акцијата која косовската полиција ја спроведе на 28 мај уапсени се 19 припадници на косовската полиција, и тоа 11 Срби, четворица Албанци и четворица Бошњаци, меѓу кои еден командир, тројца поручници и 15 полициски службеници. Акцијата потоа продолжи и во следните денови, кога беа приведени уште тројца полицајци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
РКЕ највува продолжување на евтината тарифа до 16 часот
-
Во Чашка затекнати двајца дрвокрадци од Прилеп
-
Комесар на СЕ за човекови права: Со Резолуцијата за Сребреница, светот се залага за правата на жртвите
-
Пронајдена дрога кај девет гости во скопски дискотеки
-
Пожар во куќа во центарот на Штип
-
Запленети над 400 метри рибарски мрежи за крап на Дебарско Езеро
-
Мотоциклист заврши во болница по судир со автомобил
-
Маж каснат од куче скитник во Скопје