-->
-->
Во Кочанско Поле ќе се наводнуваат 2089 ха, под ориз 1740 ха
-->

Водстопанското претпријатие Кочани го донесе планот за наводнување за престојната сезона која се очекува да започне на 15 април со пуштањето на водите од водотеците и реките на Хидросистемот Брегалница.
- Во годишниот план за општина Кочани е планирано наводнување на 2089 ха под разновидни пролетни култури од кои оризот ќе доминира и ќе зафаќа површина од 1740 ха. Според планиот најголеми се површините под ориз во Оризарско и Кочанско поле по 400 ха, во Грдовски 245 ха, додека во Прибачевско и Подлошко по стотина хектари, информира Николчо Гоцев, директор на Водстопанство Брегалница од Кочани.
Тој информира дека во општина Зрновци ќе бидат наводнувани 259 ха од кои 139 ха во атарот на Зрновско, а 120 ха во атарот на село Теранци.
Што се однесува до чистењето на каналската мрежа и на речните корита таа се одвива според планот. На терен се наоѓаат три машини кои по однапред направениот распоред ги чистат каналите за да не дојде до излевање на водата наменета за наводнување.
Во однос на акомулираните количини вода во Калимнанци и Градче тие се во добра кондиција и со расположив капацитет да ги примат водите од реките и водостеците до почетокот на наводнителаната сезона.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

79-годишен Индиец починал во паркот „Жена борец“
-

Скопјанка со велосипед пропаднала во шахта на улица
-

Туск апелира до претседателите Навроцки и Зеленски да го решат спорот околу историските трауми меѓу Полска и Украина
-

Трамп бара итен прекин на израелско-иранските напади
-

Кривична за екс директорот на ЈП „Национални шуми“, продавал изгорени дрва по нереално ниски цени
-

Нова фабрика на „Макрогрес“ од 8,5 милиони евра, Мицкоски најави поддршка за домашните бизниси
-

Бензините поевтинуваат за 2,5, а дизелот поскапува 1,5 денара
-

Перез: Му посакуваме добредојде на еден од најдобрите тренери во светот – Мадридистот Жозе Мурињо
