Во Кочани намалена цената за уредување на градежно земјиште

Советот на Општина Кочани на денешната седница донесе одлука за намалување на висината на надоместокот за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Кочани
- Со оваа одлука се намалува висината на надоместокот за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Кочани, утврден со Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Кочани за 2017 година за 20 отсто, за објекти со намена домување и комерцијални дејности, освен за викенд куќите на Спортско-рекреативниот центар „Пониква“, информира Јордан Димитров,претстедател на Советот на општина Кочани.
Намалувањето на висината на надоместокот за уредување на градежното земјиште на подрачјето на општина Кочани, според Димитров, ќе важи до 31 август 2017 година.
Инвеститорите за да можат да го искористат намалувањето на надоместокот за уредување на градежно земјиште, се должни најдоцна до 30 септември 2017 година да ја достават целокупната документација за издавање одобрение за градење, по претходно доставена документација за архитектура до 31.08.2017 година.
Ново на Сител
-

Околу 25.000 Македонци ќе заминат на сезонска работа во странство
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар
-

Радев очекува поддршка од Макрон
-

Филипче бара референдум за уставни измени
-

Анкета: Највисока доверба во војската, најмала во судството
-

Ќе се затрупува градежната јама за свлечиштето да не се прошири на околните објекти
-

Помалку патници во градскиот автобуски превоз
-

Во „Аџибадем Систина“ отворен првиот Центар за тироидна жлезда во земјава
