Во Кочани лани се родиле 30 бебиња повеќе во однос на претходните години

На акушерското одделение при Општата болница во Кочани во текот на 2019 година се родиле 30 бебиња повеќе во споредба со претходните години.
Од Болницата истакнаа дека зголемувањето на бројот на породувњата во голем дел е резултат на напорите за подобрување на техничко-кадровските капацитети на здравствената институција, со што таа постепено ја враќа довербата меѓу родилките од регионот.
-За разлика од последните години, кога на нашето акушерско одделение бројот на породувањата беше во постојано опаѓање, лани имавме нешто повеќе од 200 породувања, што е пораст од околу 20 отсто. Тоа ни дава позитивни очекувања дека одделението ќе се одржи, а во меѓувреме на специјализација се испратени тројца лекари за гинекологија и интерни болести, а ќе добиеме и уште еден педијатар, покрај сегашните четири. Исто така, специјалистичко звање треба да добијат уште осум лекари за ортопедија, хирургија, за ушни болести, рентгенологија и стоматологија. Очекуваме по завршувањето на специјализацијата и нивното враќање во нашата бопница да ги докомплетираме сите одделенија каде подолг период има недостиг од лекари, истакна Александар Серафимов, директор на Општата болница – Кочани.
Инаку, првото новородено во 2020 година во Кочани е девојче, како втора рожба во семејството Стојанови. При посетата по повод божиќните празници, градоначалникот Николчо Илијев упати честитки и желби за здравје и среќа на целото семејство, врачувајќи го традиционалниот подарок – златно синџирче со приврзок.
Градоначалникот Илијев најави дека со поддршка од Министерството за здравство, Кочани во наредниот период треба да прерасне во модерна медицинска установа во регионот со центар за физикална терапија.
Ново на Сител
-

Утре во 11 часот собраниска седница за заемот од 260 милиони евра
-

Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и вицепремиер
-

Односите меѓу Кина и Русија во нова фаза на побрз развој; Путин: Нашето партнерство е за пример
-

Устен демарш за амбасадорот на Албанија во Македонија
-

ЕУ одобри 65,7 милиони евра од планот за раст на Македонија
-

Уставни измени и реформи за забрзување на патот кон ЕУ
-

ОЈО ГОКК води предистрага за можна шпионажа во кабинетот на Претседателката Сиљановска Давкова
-

Кругови со оган, факели, прскалки и пиротехника низ годините се користеле во „Пулс“
