Во Кисела Вода почна Skopje Street Food Festival – #Burgerology vol. 2
Пред платото на салата „Расадник“ во Кисела Вода, синоќа започна фестивалот на улична храна Skopje Street Food Festival – #Burgerology vol. 2. Фестивалот, кој се одржува со поддршка од Општина Кисела Вода, според локалната власт, е уште еден урбан настан кој Скопје го позиционира на мапата на светските street food дестинации.
Посетителите имаат можност да уживаат во специјалитети од бургери, дополнето со многу дружење, музика и забава.
-Овие типови на фестивали се веќе традиција во речиси сите светски метрополи, каде секој главен град има свој автентичен Street Food Festival. Тие претставуваат мост меѓу културите, ја промовираат домашната гастрономија, но и овозможуваат запознавање со вкусовите и обичаите на други земји, наведуваат од Општината
Фестивалот продолжува и вечер, на истата локација, со почеток во 17 часот, кога посетителите ќе имаат можност да уживаат и во музичка програма – со настап на DJ MatZ и популарниот скопски бенд Southpark.
Од Општина Кисела Вода ги повикуваат граѓаните да бидат дел од ова урбано доживување под отворено небо.
Ново на Сител
-
Лавров му честита на Рубио за Денот на независноста на САД
-
Македонец загина во тешка сообраќајка во Србија откако излетал од патот
-
Изгасен пожарот во близина на Атина – на островот Крит ставен под контрола
-
Трет ден расправа за ребаланост на Буџетот
-
Mасовен напад со руски дронови врз Киев
-
Седница на Антикорупциската комисија
-
Српскиот претседател со апел до демонстрантите да не блокираат градови во државата
-
Зголемување од 2,3 проценти на запишани студенти во 2024/2025 во однос на претходната академска година