Во Кичево почнува ревија на „Mакедонски филмски класици”

Во центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево од денеска до петок ќе се одржува ревија на „Македонски филмски класици“.
На програмата денеска е филмот „Хај Фај” од 1987 година создаден сопред мотивите на истоимената театарска пиеса на Горан Стефаноски во режија на Владимир Блажески.
Утре ќе се емитува филмот „Три Ани“ од 1959 година, во кој се прикажува животот на пензиониран железничар кои живее монотоно се до оној момент кога ја открива можноста дека неговата ќерка ја преживела војната, на хрватскиот режисер Бранко Бауер.
Ќе биде прикажан и филмот „Среќна Нова 49 “ во кој се опишува приказна за двајца браќа со различни идеологии и верувања, во режија на Столе Попов.
На последниот ден од оваа ревија ќе се прикаже филмот „Тетовирање” од 1991 година.
Ново на Сител
-

Што значи стратешкиот договор меѓу Македонија и Хрватска
-

Тема на денот со Васко Наумовски, амбасадор и екс вицепремиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери
-

Пленковиќ и Мицкоски за евроинтеграциите
-

Собранието даде зелено светло за новиот заем од 260 милиони евра
-

Бензините од полноќ поскапуваат за половина денар, дизелот по иста цена
-

Нови напади САД - Иран среде преговори
