Во Келн почна најголемата операција за отстранување бомби по Втората светска војна

Во германскиот град Келн почна најголемата евакуација во врска со бомби од 1945 година, откако беа откриени три американски бомби од Втората светска војна.
Како што јави ДПА, голем дел од центарот на градот се затвора за да може да се деактивираат направите.
Во зоната за евакуација во областа Дојц, на источниот брег на реката Рајна, засегнати се повеќе од 20.000 луѓе
– Евакуацијата е најголема ваква мерка од крајот на Втората светска војна. Сите вклучени се надеваат дека деактивирањето ќе биде завршено во текот на денешниот ден, соопштија градските власти на веб-страница на градот Келн.
Портпаролка на градот за ДПА изјави дека сè уште не може да се каже кога ќе почне самата операција за деактивирање.
Патиштата се блокирани од 8 часот наутро по локално време. Службениците проверуваат дали сите станови во опасната зона се празни.
Во целата сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија, годишно се пронаоѓаат од 1.500 до 2.000 бомби од Втората светска војна. Околу 200 од нив се поголеми направи, како оние пронајдени во Келн, изјави Каи Кулшевски, раководител на службата за отстранување експлозивни направи во градот.
Ново на Сител
-

Кичево под вода
-

Партиски игри го кочат стартот на анкетната комисија
-

Касами, Меџити, Сали и Фетаи се поблиску до формирање на партија ВРЕДИ
-

СДСМ бара повлекување на законот, ВМРО-ДПМНЕ тврди се прават реформи за поправање на грешките од минатото
-

Камионџиите чекаат решение од ЕУ: Времената мерка може да го олесни престојот
-

Нови правила за добивање субвенции: Трипуновски вели парите ќе одат само кај вистинските земјоделци
-

Владата утре под блокада - ССМ бара повисоки плати
-

Се санираат штетите од поплавите – најкритично во Кичево, Гостивар и Сарај
