Во Кавадарци ангажирани лица кои ќе им помагаат на старите и изнемоштените

Градоначалникот на општина Кавадарци Александар Панов денеска на шест лица им врачи решенија за вршење општинско корисна работа во рок од шест месеци. Се работи за невработени кавадарчани кои тешко доаѓаат до работа поради возраста или други причини.
Панов појасни дека тие ќе извршуваат хумана работа и ќе им помагаат на старите, изнемоштените, на лицата со оштетен вид или посебни потреби. Помошта ќе се состои во достава на неопходни лекови, храна, плаќање месечни сметки,...
- Успешноста лани придонесе заедно со Министерството за труд и социјална политика проектот да го реализираме и годинава, нагласи градоначалникот.
Ангажираните лица ќе бидат распоредени со посредство на претставниците на Министерството за труд и социјална политика.
Општинско - корисната работа е финансирана од УНДП, во соработка со Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување на Република Македонија. Ангажманот на лицата е со скратено работно време од 20 часа неделно, со надоместок од 6.200 денари месечно, со вклучени персонален данок на доход и осигурување при случај на несреќа при работа.
Ангажираните претходно посетуваа обука за негуватели, а ќе им помагаат на вкупно 24 кавадарчани кои имаат потреба од помош. Беа избрани од посебна комисија, откако се пријавија на повикот што го објави општината.
Ново на Сител
-

Мицкоски верува во решение преку дијалог со Бугарија - Филипче бара европска иднина
-

ВМРО-ДПМНЕ со 3,5 пати поголем рејтинг од СДСМ
-

Кризната состојба за горивата ќе продолжи до април, намалено ДДВ за дизелот до 20 октомври
-

30.000 вакцини против грип пристигнаа во земјата – имунизацијата за една недела
-

Скопското Кале ќе биде прогласено за културно наследство
-

Оризовите стрништа го палат алармот кај пожарникарите
-

Од 20 - 30 питачи од најмала возраст во Oхрид
-

Општина Струмица ја покрива Шапкар со земја за да го намали ризикот од пожари
