Во Катар, со авиони стигна првата чудна пратка
Првата група крави стигна како помош на Катар, односно за намалување на штетите од ембаргото што на таа арапска држава и го наметнаа соседите, соопштија катарските власти.
Во пратката од Будимпешта имало 165 крави од расата холштајн, што е само прв дел од предвидените 4.000 грла кои Катар ќе ги увезе по воздушен пат, до август. Кравите стигнаа во товарен авион на „Катар ервејз“. За сите 4.000 грла ќе бидат потребни најмалку 60 летови.
Стадото е сместено на фарма близу главниот град Доха, а кравите беа дочекани со голем интерес од медиумите. Катарците го доживуваат сево ова како пркос кон соседите, коментираат локалните медиуми.
Саудиска Арабија, Бахреин, Обединетите Арапски Емирати и Египет на 5 јуни ги прекинаа дипломатските односи со Катар и воведоа економски санкции под обвинение дека властите во оваа држава поддржуваат терористички организации. Катар ги отфрла тие наводи.
Ново на Сител
-
Армијата ангажирана во справувањето со пожарите
-
Вајц: Предлозите за вметнување на македонскиот јазик и идентитет во Извештајот не беа грешка
-
Поради пожар затворен дел од скопската обиколница, сообраќајот кон ГП Блаце пуштен само за патнички возила
-
Пронајдено починато лице во близина на пожарот во кривопаланечко
-
Утре посвежо со пониски максимални дневни температури
-
Три пожари во Крива Паланка, градоначалникот бара итна интервенција | ВИДЕО
-
Тешко повреден велоспедист во сообраќајка на патот Радовиш-Штип
-
Запалено столче во спортска обложувалница во Скопје