Во јули промоција на новата книга за Хари Потер
Речиси никој не веруваше дека волшебниот свет на Хари Потер, по седум книги, ќе заврши само така. За тоа сега добивме и официјална потврда дека сагата продолжува.
Новата книга од серијалот ќе биде објавена во јули оваа година под насловот „Harry Potter and the Cursed Child“, а станува збор за литературна форма на сценарио за актуелната истоимена претстава.
- Читателите и гледачите последен пат го видоа Хари како се поздравува со децата на перонот 9 и три четвртини, 19 години по битката за Хогвортс, во епилогот „Harry Potter and the Deathly Hallows“, потсетува издавачот, магазинот „Потермор“.
Книгата ќе биде издадена на 31 јули, еден ден по светската премиера на претставата и роденденот на Хари.
Нема сомнеж дека фановите веќе ги одбројуваат деновите до новото појавување на славниот волшебник.
Ново на Сител
-
Мицкоски задоволен од постигнатиот консензус меѓу Македонија и Бугарија за пругата од Коридорот 8
-
Активни се 4 шумски пожари низ земјава
-
Почина 16-годишен мопедист - Излетал од коловозот
-
Преглед на вестите од светот
-
Одложен судскиот процес за судењето на Раде Трајковски - Штекли
-
Дојран оваа сезона очекува 150 000 ноќевања
-
Преглед на вестите од светот
-
Докторка уапсена за поткуп