Во Јапонија откриена трета мутација на Ковид-19
Јапонија откри нова мутација на коронавирусот, јавија локалните медиуми. Пронајден е кај четворица патници од бразилската држава Амазонас.
Јапонското Министерство за здравство соопшти дека се спроведуваат студии за ефикасноста на вакцините против новиот, трет тип, што се разликува од многу заразните варијанти на вирусот, откриени за првпат во Велика Британија и во Јужна Африка.
Според Националниот институт за заразни болести на Јапонија, во моментов нема докази дека новиот тип пронајден кај патници од Бразил е многу заразен.
Четворицата заразени патници, пристигнале на аеродромот во Токио на 2 јануари – 40-годишен маж со проблеми со дишењето, 30-годишна жена со главоболка и болки во грлото, тинејџерка со висока температура и друга жена на околу 30 години, без симптоми.
Поради силниот скок на новозаразени Јапонија прогласи вонредна состојба за Токио и три префектури во непосредна близина на главниот град. Во таа држава веќе има околу 289.000 заразени и 4.061 смртни случаи.
Ново на Сител
-

Се е подготвено за Водици во Охрид
-

Втор смртен случај поради компликации од грип на Инфективна
-

Мицкоски: Во политиката нема празен простор
-

Камионџиите ќе ги блокираат границите – како тоа ќе влијае на секојдневието на граѓаните?
-

Охридските хотелиери и угостители нудат примамливи понуди за Богојавление
-

Над 140 лица заинтересирани за скокање по светиот крст – манифестацијата утре почнува во 9 часот
-

Нова метода за лекување на мозочен удар во Прилеп, најважно е да се делува во првите 4 часа од ударот
-

За повисоките плати, универзитетските професори ќе мора да испорачаат подобри резултати
