Во Италија уапсен Албанец најголем шверцер на дрога во северниот дел на земјата

Во Италија уапсен е триесет и седум годишен Албанец под обвинение за меѓународна трговија со дрога. Италијанската полиција го смета за еден од најголемите шверцери на дрога кои делуваат во северниот дел на Италија, поврзан со меѓународна криминална нарко група.
Според италијанската полиција, на која се повикува онлајн изданието на тиранскиот весник „Шекули“, во гаража, која ја користел тој, откриени и запленети се 28 килограми марихуана, килограм кокаин,47 мобилни телегони и 25 илјади евра.
Исто така полицијата пронашла и шест автомобили кои биле користени за тrранспорт на дрогата, како и материјали за пакување во дози на дрогата.
Уапсениот Артур Петуши живеел во Филафранка, провинција Верона, и од страна на полицијата бил следен повеќе од една година. Повеќепати полицијата издала налог за негово апсење, но секогаш успевал да и побегне.
Ново на Сител
-

Палау ја забрани употребата на креми за сончање со воведување такса од 100 долари по нејзина употреба
-

ЕУ одобри воведување санкции против Иран поради затворање на Ормуска Теснина
-

Муцунски од Шведска: Во фокусот на разговорите инвестициите во одбраната, Украина и Западен Балкан
-

Приведени пет возачи за безобѕирно управување возило, четворица, од кои двајца малолетници, возеле без дозвола
-

Достојно ќе биде одбележан споменот на Светите Кирил и Методиј во бигорскиот скит посветен на солунските браќа во село Битуше
-

ЕК ги поздрави усвоените изборни закони во Србија
-

Голоб: Парламентарните избори во Словенија се нелегитимни поради израелско мешање
-

Уапсен крадец во Гостивар за издржување на казна затвор од 16 месеци
