Во источна Украина продолжуваат борбите
Додека градот Херсон го прославуваше крајот на руската окупација, жестоки борби продолжуваат да се водат во источна Украина. Главниот штаб на украинските вооружени сили извести за продолжување на нападите долж источниот фронт во регионите Доњецк и Луганск.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека во последните 24 часа имало ракетни и артилериски напади врз Суми, Харков, Запорожје, Луганск и Доњецк.
– Битките во регионот на Доњецк се интензивни како и претходните денови. Таму е вистински пекол – таму се водат исклучително жестоки борби секој ден, предупреди тој.
Градоначалникот на Харков, Игор Терехов, соопшти дека е гаѓана областа Индустријалниј во градот. Според првичните информации погоден е индустриски објект. Засега нема информации за жртви.
Ново на Сител
-

Продолжува судењето за пожарот во Пулс
-

Комеморативна седница во Собранието
-

Евакуирана трета група Македонци од Блискиот Исток
-

Лекарите трпат насилство, а ретко пријавуваат
-

Цените на такси услугите во Штип остануваат непроменети
-

Преглед на вестите од светот
-

Премиерот по средбата со маркетите: Нема основа за зголемување на цените
-

Tема на денот со Горан Ангелов, директор на Агенција за иселеништво
