Во Иран евакуација на илјадници жители поради поплави

Иранските власти наредија евакуација на илјадници жители од шест градови во југозападниот дел на земјата поради опасност од натамошни поплави, во кои досега загинаа 70 луѓе, објави новинската агенција Ирна.
Поради обилните врнежи во последните неколку дена во покраината Кузестан, локалните власти стравуваат од излевање на реката Каркхех.
Иако на повеќе места е поставена заштита од поплавите, сепак, под силен притисок таа би можела да попушти и да ги загрози животите на луѓето во околните места.
Властите беа принудени да ги попуштат вентилите на браната на Каркех.
– Населението во шест града и околни места мора да се евакуира што побрзо, изјави гувернерот на покраината Кузестан, Голамреза Шариати.
Претходно министерот за внатрешни работи Абдолреза Рамани Фази изјави дека околу 400.000 луѓе се загрозени во провинцијата која има околу пет милиони жители.
Ново на Сител
-

Колони возила на бензинските станици
-

Колони возила на бензинските станици
-

Тема на денот со Тони Менкиновски, адвокат
-

ВМРО-ДПМНЕ со слики го потсети Филипче дека лажеше за мигрантите, СДСМ тврди дека мигрантите доаѓаат
-

Почна со работа меѓупартиската група за Изборен законик
-

Невладиниот сектор алармира: Имаме политики за заштита на жените, но не се имплементираат
-

83 години од депортацијата на штипските евреи
-

Од полноќ дизелот поскап за 14,5 денари, гужва на бензинските
