Во Институтот за судска медицина се идентификуваат телата на загинатите
Министерот за здравство Венко Филипче од Градската општа болница „8 Септември“ вечерва замина на Институтот за судска медицина каде треба да бидат идентификувани лицата што починаа во тешката сообраќајка кај Карпалак.
Пред да замине Филипче уште еднаш рече дека засега бројката на починати е 13. Од овие лица седум го загубиле животот на местото на несреќата, пет во ГОБ 8 Септември, а едно во Старата градска болница во Скопје.
Четири лица од хоспитализираните се во критична состојба, а сериозна е состојбата и на уште две лица во Ургентниот центар.
-Нови информации околу повредените вечерва нема да има, туку утре сабајле, бидејќи во тек е процесот на лекување, напомена министерот.
Речиси два часа Филипче заедно со вицепремиерите Оливер Спасовски и Бујар Османи беше во ГОБ „8 Септемвр “и да ги посети повредените.
Директорот на болницата Христијан Костов вечерва на роднините на повредените им ги соопшти имињата на сите згрижени пациенти. Жалење за несреќата изрази и градоначалникот на Гостивар, Арбен Тарвари според кој повеќето повредени, како што рече, се гостиварци.
Ново на Сител
-
Мицкоски отвора афера „Мафија 2“: 20.000 матични броеви се дупликати
-
Вучиќ: Во јуни Србија ќе ги произведе првите дози на Спутник В
-
За српските туристи бесплатен паркинг и попусти во Дојран
-
Утврдени грешки при изградбата на модуларната ковид болница во Тетово
-
Дебранец приведен поради агресивно однесување кон полициски службеници
-
Грција од понеделник ги отвора границите за одредени земји
-
Нови врнежи од утре, пообилни и наместа поројни во сабота и понеделник
-
ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи да се рефундираат пари на граѓани кои се лекувале од КОВИД-19 во приватни болници