Во Индонезија откриени пештерски слики на коњи стари над 40.000 години

Експерти од универзитетите за археологија од Џакарта и Волонгонг, Австралија, деновиве издадоа серија документирани докази според кои во пештери на островите Сулавези и Јава се потврдува пештерско сликарство, но и постоење на припитомени коњи од пред 35 до 40.000 години. Археолозите и историчарите до скоро сметаа дека коњите на индонезискиот архипелаг биле донесени од хордите на монголските племиња кои ги предводел прочуениот Кублај Кан, во 13 век.
Во светската историја до сега за најстари пештерски слики на коњи се сметаа откритијата во Франција и Шпанија. Слики на коњи и повеќе други четвороножни животни од праисторијата се наоѓаат во пештерите Ласко и Пе Мерл во Франција и попознатата Алтамира во Шпанија.
Со објавувањето на соопштенијата во Џакарта, експертите од Индонезија и Австралија искоментираа дека нивниот труд и откритијата не го сметаат како процес на докажување на тоа каде почнува светската цивилизација, туку како доказ повеќе дека на различни делови на планетата земја духот и околностите во кои живееле луѓето од тоа време упатуаат на пошироки хуманитарни сознанија за универзалноста на планетата земја и нејзините жители.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски поради лошата состојба во земјоделието
-

Железничко поврзување Скопје - Софија во 2031 година
-

Обложувалниците против новиот закон
-

Крај на учебната 2025/2026 година и почеток на летниот распуст
-

Телеком донира опрема за училишта
-

Клековски: Прво да се зајакнат регионалните болници па да се направи анализа дали треба нов Клинички
