Во Хрватска досега вакцинирани 20.000 граѓани
– Во Хрватска до денеска повеќе од 20.000 луѓе се вакцинирани против коронавирусот, вклучувајќи 37 проценти од здравствените работници и 56 проценти од корисниците на домови за стари лица, изјави министерот за здравство Вили Берош.
Според него, Хрватска во моментов е петта во ЕУ и 12-та во светот според бројот на вакцинирани на 100 жители.
На отворениот дел од владината седница, Тој ги повика граѓаните да се вакцинираат.
Берош рече дека во земјотресното подрачје на округот Сисак-Мославина, заклучно со 6 јануари, речиси 2.000 дози вакцини биле доставени до службите за итни случаи, цивилите и здравствените работници.
Намерата е да се пренасочат одредена количина вакцини од другите окрузи кон тој округ со цел да се овозможи вакцинирање на 800 лица неделно.
Берош исто така рече дека Хрватска резервирала 715.970 почетни и 284.000 дополнителни дози од вакцината на „Модерна“, кои се логистички попрактични, па затоа се очекува полесна вакцинација на терен, објавија хрватските медиуми.
Ново на Сител
-
Силјановска Давкова не кажа „Северна“ при заклетвата во Собрание
-
Силјановска-Давкова ја презеде претседателската функција од Стево Пендаровски
-
Грчката амбасадорка Филипиду ja напушти седницата, Силјановска-Давкова во заклетвата користеше Македонија
-
Маж со автомобил прегазил жена во Чаир
-
Украдени документи и компјутери од Управата за матични книги во Прилеп
-
Струмица: „Фиат“ удрил во електричен тротинет, повредено едно лице
-
Приведен бегалец од затвор баран со потерница
-
Почина пациентот на кој за прв пат во светот му беше трансплантиран бубрег од свиња