-->
-->
Во Хирошима ќе бидат урнати зградите кои ја издржаа атомската бомба
-->

Властите на јапонскиот град Хирошима имаат намера да уништат две згради кои ја издржаа експлозијата на атомската бомба во 1945 година, иако некои локални жители сакаат тие да бидат зачувани.
Зградите, изградени во 1913 година, биле користени како фабрика за производство на воена облека, а подоцна и за сместување студенти. Тие биле користени и за болница по падот на атомската бомба.
Бомбата уби околу 80.000 луѓе, а беа повредени околу 35.000. Нападот го срамни со земја поголемиот дел од градот, а до минатата година, во областа околу пет километри од местото на паѓањето на бомбата постоеја само 85 згради изградени пред бомбардирањето. Двете згради издржале затоа што биле изградени од армиран бетон. Некои оштетувања сè уште се видливи на металните прозорци и вратите.
Во 2017 година, експертите утврдија дека зградите ќе се урнат во случај на поголем земјотрес.
Зградите не се користат ниту се отворени за јавноста, а властите планираат да ги урнат до 2022 година. Третата зграда на оваа локација ќе биде зачувана, а нејзините sидови и покривот ќе бидат санирани и зајакнати за да се заштити од земјотреси.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Скопје утрово е најзагаден град во Европа
-

Албанезе нареди безбедносна ревизија по нападот на плажата Бондај
-

Сообраќајот без застои, магла на повеќе патни правци низ државата
-

Променливо облачно и тивко со сончеви периоди
-

ТАВ Македонија: Меѓународниот Аеродром Скопје е отворен, поради ниска видливост има откажани и пренасочени летови
-

Велешанец приведен со 1,62 промили алкохол, нападнал и полициски службеник
-

Поради маглата, на скопскиот аеродром има откажани летови, се реализираат со задоцнување
-

Почина актерот Лазе Манасков
