-->
-->
Во Грција запленети 43 килограми кокаин дојден од Италија
-->

Грчката крајбрежна стража уапси четири лица во Аспропиргос, во северниот дел на Атика, за кои постои сомневање дека се дел од синџир за трговија со дрога.
Операцијата била спроведена кога службеници на крајбрежната стража на Патрас пронашле околу 43 килограми кокаин, скриен во камион кој се симнал од ферибот од Италија.
Припадници на полициски одред за борба против шверц со дрога, го следеле камионот до Аспропиргос каде две други лица ја примиле дрогата.
Полицијата спроведува истрага со цел да се лоцираат повеќе членови на криминалниот синџир.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ местеле тендери
-

Боледувањата ја осиромашиле германската економија за 200 милијарди евра
-

Попладнево повторно блокади на граничните премини Евзони и Ники кон нашата земја
-

Подари моменти на радост, подари „Среќа плус“
-

Анита Тополова Исајловска избрана за в.д државен јавен обвинител
-

Чекања и до три часа на европските аеродроми поради новиот систем за влез и излез од ЕУ
-

Лишен од слобода скопјанец, пронајден кокаин
-

Трамп менува 30 амбасадори - меѓу нив и Агелер
