Во Грција протести против пензиските реформи

Во Грција се интензивираат протестите против пензиските реформи за кои во моментов демонстрираат земјоделците и морнарите, а се очекува да им се приклучат и лекарите, адвокатите, инженерите и други категории работници.
Поради штрајкот на морнарите, бродовите до петок ќе останат закотвени во грчките пристаништа. Се планира и протестен марш на морнарите до Министерството за морската флота.
Штрајкот на морнарите ќе влијае и на трансферот на бегалци од островите кон пристаништето Пиреја. Се очекува на островите во источниот дел на Егејското Море да бидат блокирани илјадници мигранти кои пристигнуваат од Турција.
Прекин има и во работата на грчките железници, затоа што штрајкуваат и железничките чиновници. Не работи ниту метрото кое води до меѓународниот аеродром во Атина.
Пензионерите во Атина и Солун вчера излегоа на протести со барања пензиите повеќе да не се намалуваат, бесплатно државно здравство и неоданочување на минималните приходи.
Двата најголеми грчки синдикати за 4 февруари закажаа генерален штрајк. Тоа ќе биде трет генерален штрајк за три месеци, од повторното доаѓање на власт на Алексис Ципрас. Првиот беше во ноември, а вториот во декември.
Грција е под притисок на меѓународните кредитори да ги намали трошоците за пензии, кои се најголеми во ЕУ. Земјата одвојува 17,5 проценти од бруто домашниот производ за пензии, додека во Европа просекот е 11,5 проценти од БДП.
Владата во Атина планира намалување на максималните пензии од сегашните 2.700 евра на 2.300 евра и воведување на нова минимална загарантирана основна пензија од 384 евра.
Според договорот со меѓународните кредитори, Грција годинава треба да ги намали пензиските трошоци за 1,8 милијарди евра. Предлог-законот треба да биде разгледан во Парламентот на почетокот на февруари.
Ново на Сител
-

Клековски: За Михаилова нема постапка за лекување во странство, се врши надзор во нејзината здравствена документација
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Синдикалната кошница над 70.000 денари, Ристески: најголем дел од населението зема плата околу просечната
-

Кривична против Јани Макрадули – Штета во Пошта од близу 11 милиони денари
-

Нови 100 амбулантни возила за цела Македонија
-

Нова понуда за професионалните војници – До пензија да останат во АРМ
-

Oдложено рочиштето за Државна лотарија поради отсуство на сведокот на обвинителството
-

Правосуден испит на македонски јазик
