Во Грција предложено до први мај да нема олабавување на мерките

Поради зголемениот број новозаразени во Грција, Комисијата на епидемиолози при Министерството за здравство предложила да нема никакво олабавување на мерките до први мај, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.
Ова би значело дека Велигден ќе биде со постоечките мерки, односно задолжителна маска во затворените делови, задолжителен сертификат за речиси сите простори, како и задолжителни тестови за невакцинираните.
Иако министерот за здравство на Грција Танос Плеврис минатата седмица најавуваше можно олабавување на мерките од средината на април, но и потенцираше дека сè ќе зависи од епидемиолошката слика, сепак зголемениот број нови случаи се чини дека не дозволува укинување на рестрикциите.
Член на комисијата на епидемиолози за весникот „Катимерини“ рекол дека „во моментов имаме разгорување на епидемијата, кое не треба да го поттикнуваме“ и додал дека за да се донесе одлука за укинување на мерките, треба да се намали бројот на случаи.
Доколку се анализираат официјалните податоци на Националната организација за јавно здравје на Грција, во изминатите седум дена, во просек дневно имало по 21.000 новозаразени и по 52 смртни случаи од Ковид-19.
Како што вчера објави МИА, Грција надмина три милиони потврдени случаи на Ковид-19 од почетокот на пандемијата, а во изминатите две години починаа вкупно 27.454 лица.
Ново на Сител
-

Автобус удрил во девојче кај скопско Ново Село, сообраќајот отежнат
-

Четири лица осомничени за трговија со дрога и хашиш во гевгелиско, предложен притвор
-

Граѓанска иницијатива ,,Стоп за Усје" најави марш оваа Сабота пред Влада поради загадениот воздух
-

Финални подготовки за пуштање во функција на системот „Безбеден град“
-

Во Минесота рочиште за тужбата со која се бара прекин на зголеменото присуство на ICE
-

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда
-

МВР: Глобите за сообраќајни прекршоци во рамките на „Безбеден град“ од 15 до 500 евра
-

Возач со 1,81 промили алкохол приведен во Неготино
