Во гранатирање на турската војска убиени 34 џихадисти

Најмалку 34 припадници на Исламска држава загинале во текот на гранатирањата на позиции на таа терористичка организација во Сирија, извршени од турската артилерија и беспилотните летала, лансирани од јужниот дел на земјата, соопшти денеска турската војска.
Во вчерашните напади, кои претставуваат одговор на ракетните напади на Исламска држава врз јужната турска провинција Килис, уништени се шест возила и пет позиции за напад на ИД.
Турските ракети прво погодија позиции на ИД на оддалеченост од околу 12 километри јужно од границата со Сирија, а потоа четири дрона, кои полетаа од базата Инџирлик во јужна Турција, ги уништија останатите цели, нагласи војската.
Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу изјави минатата недела дека САД ќе постават систем за истрелување ракети во близина на границата со Сирија.
Килис и околните подрачја на границата на двете земји се честа цел на ракетни напади на ИД изминатите месеци.
Ново на Сител
-

Стан во Белград продаден за вртоглави 2,6 милиони евра, за еден квадрат платени 12.000 евра
-

Мерц: ЦДУ е потресена до срж од победата на АфД
-

Русија го затвора германскиот конзулат во Санкт Петербург
-

Србија на чекор до избори; Студентите со порака до Вучиќ - Претседателе, конечно си надлежен
-

Министерот за надворешни работи на БиХ го повлекува персоналот од амбасадата во Белград, најави намалување на односите со Србија на минимум
-

Во Албанија само во август 159 сообраќајни несреќи со 22 жртви, изречени над 47 илјади казни
-

ПМФЛ: Четврта победа на Струга на домашен терен без примен гол
-

Македонските фудбалери против Швајцарија стартуваат во ЛН
