-->
-->
Во Гостивар ограбена продавница, украдени 720 јајца
-->
Два пакети со над илјада јајца биле украдени од продавница на големиот пазар во Гостивар, информираат од СВР Тетово.
Кражбата, вчера ја пријавил З.Б. (46) од Гостивар кој работел како продавач во продавница, сопственост на гевгелиска фирма. Непознати сторители насилно го отвориле шалтерот за продажба во бараката, влегле внатре и одзеле два пакети со по 360 јајца, односно 720 јајца.
Според пријавата, штетата се проценува на 6.000 денари, додека од насилното отварање причинетата штета дополнителна штета од 4.000 денари.
Од СВР Тетово потврдуваат дека е извршен увид и дека се работи на откривање на сторителите на оваа кражба.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Приведени двајца тинејџери кои извршиле обљуба врз две малолетни девојчиња
-
Teма на денот со Мариуш Бримора, амбасадор на Полска
-
Силен пожар беснее во кочанско Вранинци – Се бара хеликоптерска поддршка
-
Учениците од следната година ќе учат програмирање и употреба на алатки базирани на вештачка интелигенција
-
Фискалниот совет со порака – Внимателно со најавените задолжувања
-
Преглед на вестите од светот
-
Европските партии го бришат македонскиот јазик и идентитeт од извештајот