Во Гостивар ограбен брачен пар во нивниот дом

Брачен пар од Гостивар, утрово бил нападнат и ограбен, откако во нивниот дом насилно влегле тројца разбојници. За време на провалата, сопружниците спиеле.
Според СВР Тетово, утрово, околу 2:30 часот, три маскирани лица, од кои едното имало пиштол, извршиле разбојништво во куќата на Ј.Ј. (61) во Гостивар.
- Разбојниците претходно провалиле преку прозорец и пребарувале низ куќата. Вревата го разбудила сопственикот Ј.Ј. (61), кој бил физички нападнат и удиран по главата и телото. Од домот одземени се околу 50 илјади денари, два рачни часовника, два мобилни телефона и златен накит. Откако ги зеле скапоценостите, разбојниците ги заклучиле двајцата сопружници и ја напуштиле куќата, наведуваат од полицијата.
Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Гостивар извршиле увид, при што пронајдени, фотодокументирани и подигнати се повеќе траги за вештачење. Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

Наместо да свика итна седница за мерки, Владата се шета во Брисел на прослави, вели Филипче
-

Владата веднаш да преземе мерки против растечките цени на нафтата
-

Нова фаза од војната на Блискиот Исток - Напади врз енергетската инфраструктура
-

Филипче: Нема да дозволам некој да не дели
-

Посебен влез за непушачи во кафеани – новини во предлог законот за заштита од пушење
-

Интервјуа за член на Антикорупциска
-

Истражување на ЕСЕ: Има корупција во здравството, ама никој не ја пријавува
-

Депонијата кај Прилеп гори 3 дена, причина човечки фактор, се очекува целосно гаснење денес
