Во Гостивар јавна презентација на УСАИД проект за граѓанско учество

Целите, компонентите и можностите за грантови преку Проектот на УСАИД за граѓанско учество беа презентирани денеска во Гостивар.
Како што беше речено на презентацијата, проектот ќе го зајакне конструктивното учество на граѓанските организации за прашања од јавен интерес и ќе го зголеми и одржи вклучувањето на младите во јавниот живот во Македонија.
- Организациите вклучени во проектот, ќе здобијат знаење и вештини кои ќе овозможат дискусии за јавни политики со владата, приватниот сектор, медиумите и другите граѓански организации. Проектот е посветен на родовата еднаквост и заштита на правата на социјално исклучени групи во Македонија, беше истакнато пред присутните.
Проектот на УСАИД за граѓанско учество почна во ноември 2016 година и го спроведува Ист Вест Менаџмент Институт (East West Management Institute), во партнерство со четири граѓански организации: Фондацијата за интернет и општество “Метаморфозис”, Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ), Фондацијата Отворено општество-Македонија и Националниот младински совет на Македонија.
Ново на Сител
-

37 годишна скопјанка пронајдена почината во својот дом во Аеродром
-

Завршните зборови за случајот „ДКСК“ одложени за утре
-

Почнува судењето за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане
-

Современото банкарство се одликува со едноставно и приспособено корисничко искуство
-

Николоски: Почнуваме со најкрупната реформа - имплементација на новиот Национален едношалтерски систем
-

Пад на инфлацијата во јуни
-

Утре и задуре променливо и нестабилно со пороен дожд, од петок стабилно време
-

23-годишна девојка од Македонија пронајдена почината во стан во Солун
