Во големиот пожар кај Омиш изгореа 106 возила и 28 куќи, ќе се бара прогласување природна непогода

Во пожарот што во ноќта меѓу 13 и 14 август го зафати подрачјето на Локва Рогозница и Омиш во Хрватска целосно изгореа дури 106 возила, 28 куќи, седум стопански, три угостителски и шест помошни објекти на семејни куќи – соопшти денеска сплитско-далматинскиот жупан Блаженко Бобан.
– Исто така, целосно изгореа и 45 пловила што биле извлечени на брегот – изјави Бобан за Хина.
Според него, делумно изгореа 43 куќи, 20 возила и девет пловила.
На прашањето дали се оштетени маслинови насади, тој рече дека сè уште не е извршен увид во штетите во земјоделството.
Тој објасни дека откако Градот Омиш ќе го достави извештајот од увидот, ќе биде поднесено барање до Штабот за цивилна заштита за прогласување природна непогода.
Тој потсети дека премиерот Андреј Пленковиќ вети дека и владата ќе помогне во санацијата на просторот и објектите, како и во надоместувањето на штетата.
МИА
Ново на Сител
-

Шестмесечно бебе донесено починато во Поликлиниката Драчево
-

Забраната за движење во шумите продолжена до 30 септември
-

АХВ потврди мртов гавран со вирус на западнонилска треска во Ресен
-

51-годишна Србинка „летала“ со 168 км/ч на патот Демир Капија – Гевгелија, уапсена на Табановце
-

Шести смртен случај од западнонилска треска, 26-годишник најмладиот хоспитализиран пациент
-

АХВ со дополнителни активности за детектирање на вирусот на Западно нилска треска кај птиците
-

Го грабнале и тепале за да признае дека ја силувал сопругата на едниот од нив, двајца кавадарчани осудени на вкупно 10 години затвор
-

Полска бара Мета да биде казнета со 250 милиони евра поради лажни огласи
