-->
-->
Во Гевгелија се чистат речните корита
-->
На територијата на општина Гевгелија почна летната акција за чистење на речните корита заради превентивна заштита од можно излевање на надојдена вода во случај на поројни дождови.
Согласно Акцискиот план, како што информираат од општината, летово ќе се чистат и санираат коритата на Сува и Мрзенска река и горниот дел на одводниот канал „Рауљ“. Исто така предвидено е да го прочисти и јазот преку кој потпланинската атмосферска вода се слева во „Рауљ“ и неретко при пообилни врнежи предизвикува проблеми.
Од општина Гевгелија велат дека за реализација на целата акција се обезбедени околу 2,1 милион денари од општинкиот буџет и оти работата и е доверена на фирма од Битола.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници
-
Секоја година се намалува бројот на првачиња во општините од истокот
-
Доколку продолжи деградацијата на езерото ќе исчезнат ендемичните видови
-
Преглед на вестите од светот