Во Гевгелија ќе се градат нови улици и тротоари

Општина Гевгелија во наредниот период ќе издвои повеќе од 25 милиони денари од сопствениот буџет за изградба и уредување на нови улици и тротоари во градот и населените места, согласно Годишната програма за локални улици и патишта, соопшти денеска општинската служба за информирање.
- Поголемиот дел од средствата, поточно над 17 милиони денари, ќе бидат наменети за изградба на нови улици во градот и неколку населени места во општината, а останатите над 8 милиони денари ќе бидат потрошени за уредување на нови тротоари со павер елементи, беше речено на денешната средба со новинарите.
Од општината велат дека дел од улиците веќе се пробиваат во новите градски населби каде што градежните работи се во експанзија, а останатите ќе се градат наредната година, како што е предвидено со тендерите на кои, на последното јавно електронско наддавање, најниски цени понудија фирмите изведувачи „Жикол“ од Струмица и „Урбан инвест“ од Кавадарци.
Ново на Сител
-

Повреден возач по судир на две товарни возила на автопатот Скопје-Тетово
-

Руте: Путин е главната пречка за мирот во Украина
-

Без вода утре ул. „Драгиша Мишовиќ“ во Карпош
-

Почна зимата
-

Поради намалена видливост откажани се 20 летови на скопскиот аеродром, слетале само авионите од Дортмунд и од Виена
-

Песков: Не е планиран телефонски разговор меѓу Путин и Трамп, ќе го организираме по потреба
-

Двајца македонски државјани загинаа во тешка сообраќајка на патот Белград – Ниш
-

Лавров: За секоја акција постои реакција
