Во Гевгелија, Богданци и Дојран голем интерсот за „Македонија вработува“

За владиниот проект „Македонија вработува 1“ што го спроведе Агенцијата за вработување на Република Македонија имаше голем интерес кај лицата од општините Гевгелија, Богданци и Дојран кои ги опфаќа Центарот за вработување во Гевгелија.
- Со овој проект вработивме вкупно 337 лица што претставува солидна бројка во однос на евидентираните кај нас 1.029 лица, односно повеќе од 40 отсто од бројот на активните баратели на работа, рече раководителот на Центарот Даница Гавриловска.
Гавриловска посочи дека со проектот, работа добиле 120 лица на возраст до 35 години, 43 лица на возраст од 35 до 50 години, 32 лица над 50 години, 24 лица над 58 години, 117 помлади лица на возраст до 29 години и едно лице од социјално ранливите категории.
- Уште од старт голем интерес кај невработените од југоисточниот регион побудува и новиот проект „Македонија вработува 2“. Неговата имплементација почна деновиве во Центарот за вработување во Гевгелија каде што до денеска се реализирани вработувања на 5 лица, нагласи Гавриловска.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Никола Србов, историчар
-

Мицкоски верува во решение преку дијалог со Бугарија - Филипче бара европска иднина
-

ВМРО-ДПМНЕ со 3,5 пати поголем рејтинг од СДСМ
-

Кризната состојба за горивата ќе продолжи до април, намалено ДДВ за дизелот до 20 октомври
-

30.000 вакцини против грип пристигнаа во земјата – имунизацијата за една недела
-

Скопското Кале ќе биде прогласено за културно наследство
-

Оризовите стрништа го палат алармот кај пожарникарите
-

Од 20 - 30 питачи од најмала возраст во Oхрид
