Во Газиантеп направен најголемиот ашур во светот
Популарната ориентална слатка ашур од преку три тона беше приготвена во турскиот град Газиантеп, како симбол на мир, но и со цел да влезе во Гинисовата книга на рекорди, пишува турскиот весник на англиски јазик „Дејли Сабах".
Се смета дека десертот, познат и како „Пудингот на Ное", датира уште од времето на библискиот лик (меѓу другото, и пророк на Исламот). Ашурот е смеса од слатки и солени состојки, која го симболизира единството на различните етнички и религиозни групи.
Екипа од 27 готвачи го приготви десертот, за да го одбележи Меѓународниот ден на мирот, кој секоја година се чествува на 21 септември. Масата на ашурот изнесуваше точно 3.192 килограми. Намирници за составот - пченица, јатки и смокви, беа испратени од целата земја, како и од цел свет.
Освен со вкусната храна, Газиантеп последниве години стана познат и како прифатилиште за огромниот број бегалци од соседна Сирија.
Ново на Сител
-
Филипче повикува на средба
-
Тема на денот со проф. д-р Драган Данаиловски
-
Свечена академија по повод Свети Кирил и Методиј
-
Сиљановска-Давкова ја посети базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим
-
Прославен денот на сесловенските просветители во Прилеп
-
Бугарија засега не потврдува средба Сиљановска-Радев со високи претставници на ЕУ, НАТО и САД
-
Љупчо Димовски реизбран за претседател на СПМ
-
ВМРО-ДПМНЕ: ОЈО да ја преиспита улогата на Филипче