Живот
9. April 2024 - 10:52

Во Франција за еден ден забележани над 27.000 громови

Во Франција во текот на невремето во понеделникот се забележани 27.056 молњи и удари од гром.

Ова го соопшти опсерваторијата за урагани и молњи Керено.

Најмногу удари се забележани меѓу седум и осум часот наутро, 114 громови во минута, пренесува БФМТВ.

Иако невремето го зафати поголемиот дел од земјата, во 11 депармани во Франција е издадено портокалово предупредување поради потенцијални поплави.