Во Франција се одржа воена вежба за спречување на терористички напади за време на Евро 2016
Масовна воена вежба за спречување на терористички напади за време на Европското првенство во фудбал се одржа синоќа на стадионот „Парк олемпик“ во предградие на францускиот град Лион, соопштија управата на стадионот и раководството на безбедносните сили во департментот Рон.
Според сценариото пред натпреварот Укриана-Северна Ирска двајца напаѓачи се кренале во воздух на влезот на стадионот, при што загинале десет, а ранети се 80 лица. Гледачите се во паника, а обезбедувањето на стадионот, полицијата и жандармеријата преземаат мерки за нивно совладување.
Во вежбата учествуваат претставници на министерствата во сферата на безбедноста, а во таа смисла војници, медицински лица, противпожарни и спасувачки служби.
Весникот „Монд“ објави дека во вежбата учествувале неколку стотици лица, меѓу кои и службениците во локалната власт на Лион и околните градови, соработници на УЕФА, вработени во француските железници и на лионскиот аеродром.
Евро 2016 се отвора на 10 јуни и ќе трае до 10 јули.
Ново на Сител
-
Состојба на патиштата
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците