Во Франција хоспитализирани 5.226 лица од коронавирусот, а досега умреа 450

Епидемијата на коронавирусот до вчера ја предизвика смртта на 450 пациенти (78 дополнителни за 24 часа) и принуди да се хоспитализираат 5.226 пациенти, од кои речиси 1.300 се наоѓат на интензивна нега, јави дописникот на МИА.
-Половина од пациентите кои се наоѓаат на интензивна нега се под 60 години, рече генералниот директор за здравство Жером Саломон, кој предупреди дека епидемијата исто така влијае врз „младите“. Тој исто така објави дека речиси 1.600 пациенти ги напуштиле болниците и се сметаат за излекувани.
Покрај тоа, професор Саломон спомена и „зголемена појава на случаи на анозмија“, пријавена од Националниот совет на специјалистите за грло уста и нос: тоа е „ненадејно исчезнување на мирисот, без назална опструкција “ , рече тој. Во овој случај, „мора да се јавите кај вашиот лекар и да избегнете самолекување без специјалистички совети“.
Професорот Саломон уште еднаш ги повика Французите да ги почитуваат упатствата: да не одат на викенд заради „ризикот од нови контакти“ за време на транспортот со автомобил, во воз и на лице место.
Ризикот е во тоа што лицата можат да го пренесуваат вирусот без да знаат дека го имаат од големите градови кон руралните средини, каде има помалку санитарни установи способни да се справуваат со епидемијата.
Според професорот Саломон, досега биле направени 50 000 тестови.
Ново на Сител
-

Поминаа измените на Кривичниот законик за членот 353, гласаше и СДСМ
-

ОЈО отвори предмет по ревизорски извештај за Општина Охрид
-

Имало пријави за судијата Ристов во Судскиот совет, но Камбовски не се сеќава на наводи за мито
-

Секој втор функционер кој има фирма ја сокрил сопственоста од институциите
-

Над 70 проценти од граѓаните подржуваат членство во ЕУ
-

Нема брзо решение за проблемот на камионџиите, блокадите засега остануваат
-

Власта и опозицијата со различни ставови за протестот на синдикатите
-

Временските промени ги „разбудија“ вирусите
